Connect with us

Политика

ЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМ – За Наша Македонија

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и
пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште
една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на
ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на
граѓаните.

Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и
губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои
членството ја напушта партијата.

Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ,
Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ – Ѓорче Петров, Славољуб
Тотиќ.

ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и
принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и
достоинствена политика.

Ad
Ad