Фудбал
Бразил загуби од Јапонија во пријателски натпревар, Винисиус постигна два гола
Во пријателски фудбалски натпревар одигран денес во Каланг (Сингапур), репрезентацијата на Јапонија го совлада Бразил со 3:2.
Такесфуса Кубо (15.минута), Кеито Накамура (19) и Тацухиро Сакамото (90+1) беа стрелци за Јапонија.
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, постигна два гола (33. и 75. минута) за Бразил.
Во 90+2.минута надвор од теренот црвен картон добија Рафиља и бразилскиот селектор Карло Анчлоти.
ноември 15, 2026


