Connect with us

Фудбал

ЕСПН го прогласи Јамал за најдобар фудбалер во светот, Кејн заврши само на петтото место

Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал, е прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на „ESPN“.

Членот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, го освои второто место, додека францускиот крилен играч на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, заврши на третото место. Бразилскиот напаѓач на Барселона, Рафиња, се пласираше на четвртото место, а Хари Кејн од Баерн Минхен, освојувач на „Златната топка“ за 2026 година е на петтата позиција.

На церемонијата на списанието „Франс фудбал“ што се одржа во Лондон на 27 октомври, Јамал заврши на третото место.

Во првите 10 на рангирањето се најдоа и францускиот напаѓач Килијан Мбапе од Реал Мадрид, англискиот играч од средниот ред Деклан Рајс од лондонски Арсенал, норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд од Манчестер сити, шпанскиот играч од средниот ред Педри од Барселона и португалскиот играч од средниот ред Витиња од Пари Сен Жермен.

Во сезоната 2025/26, Јамал одигра 45 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 24 гола и 17 асистенции. Во летото 2026 година, тој стана светски шампион со шпанската репрезентација. Со каталонскиот клуб, Јамал ја освои титулата во шпанското првенство и Суперкупот на Шпанија, беше прогласен за играч на сезоната во Ла Лига и го подели трофејот Зара со соиграчот Феран Торес како најдобар стрелец во лигата. 

На церемонија во Лондон, Јамал ја доби наградата за најдобар играч под 21 година во сезоната 2025/26 трета сезона по ред. 

Ad
Ad