Connect with us

Свет

Портпаролот на поранешниот украински проруски премиер е ранет во атентат во Москва

Сергеј Заворотниј, портпарол на поранешниот украински проруски премиер, Миколе Азаров, е повреден денеска во експлозија на автомобил во Москва, објавија руските медиуми.

Весникот „Комерсант“ објави дека Заворотниј, поранешен близок соработник на Азаров, кој беше украински премиер од 2010 до 2014 година, е хоспитализиран по експлозијата на автомобил во населбата Чертаново.

Британските медиуми пишуваат дека ова е втор ваков бомбашки напад во Русија во последните два дена.

Азаров, избега во Русија во 2014 година, кога револуцијата на Мајдан во Украина го собори прорускиот претседател Виктор Јанукович откако тој го прекрши своето ветување за поблиски врски со Европската Унија, потсетуваат британските медиуми.

Функционер на руската армија вчера беше убиен во Санкт Петербург. Украински извори ја преземаат одговорноста во некои случаи, додека во други ја негираат. Киев не излезе со коментар за вчерашниот напад.

Ad
Ad