Connect with us

Свет

Трамп бара од Сенатот дополнителни 350 милијарди долари за Пентагон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, побара од Сенатот на САД да одобри дополнителни 350 милијарди долари за Пентагон.

„Го повикувам раководството на Сенатот веднаш да пристапи кон усвојување на предлог-законот за буџетско усогласување (reconciliation bill) во вредност од 350 милијарди долари, за да им обезбедиме на нашите храбри војници одлучувачка предност што ја заслужуваат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл (Truth Social).

Според него, републиканците во Сенатот мора да „го исполнат она што им го должат на нашите војници“.

„Демократите никогаш нема да го направат тоа. Сега е моментот“, оцени Трамп.

На меѓуизборите во САД, одржани минатата недела, Демократската партија ја презеде контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, а новоизбраните претставници ќе ги преземат функциите во јануари. 

Ad
Ad