Connect with us

Свет

Американските власти блокираа дел од криптовалутите украдени минатиот месец од „Бинанс“

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека запленило или блокирало криптовалути во вредност од над 1,2 милијарди долари, за кои се тврди дека минатиот месец биле украдени од платформата „Бинанс“.

Кражбата на криптовалути во вредност од околу 6,3 милијарди долари од „Бинанс“ се смета за најголемата кражба во историјата на криптовалутите. ФБИ претходно за нападот ја обвини севернокорејската хакерска група позната како „ТрејдерТрејтор“.

Досега американската влада и приватниот сектор заеднички успеале да замрзнат украдени средства во вредност од над 2,7 милијарди долари. Министерството за правда на САД вчера соопшти дека добило судско одобрение за заплена или блокирање на над 1,2 милијарди долари од таа сума.

Американската влада во вакви случаи обично поднесува барање до судија за конфискација на средствата. Потоа судијата одлучува кој има законска основа да бара враќање на запленетите средства.

ФБИ вчера ја обвини Северна Кореја и за измамничка шема преку која, според американските власти, во изминатите 18 месеци биле украдени криптовалути во вредност од 400 милиони долари.

Американски претставници повеќепати ја обвиниле Северна Кореја дека користи кибер-криминални шеми за прибирање средства за режимот во Пјонгјанг, вклучително и за финансирање на нејзината нелегална програма за вооружување.

Ad
Ad