Connect with us

Фудбал

Победи за Англија, Шпанија и Италија во Лигата на нациите

Репрезентациите на Англија, Шпанија и Италија и се приклучија на Белгија со победи на синоќешните дуели од 5.коло од А сегментот во Лигата на нациите.

Во првиот дуел Белгија во Истанбул ја победи Турција со 2:1, а на вториот дуел од групата 1 Италија славеше со 3:1 против Франција.

На чело на табелата се Италија и Франција со по 10 бодови, а Белгија има 9, додека Турција е без бод.

Во последното коло Белгија и Италија во директен дуел ќе решаваат за пласман во четвртфиналето, додека на Франција со Турција и е доволен само бод.

Во групата 3 Англија ја победи Хрватска со 2:1, додека Шпанија славеше над Чешка на гости со 2:0.

Шпанија има максимални 15 бодови, Англија 12 и двете репрезентации изборија четвртфинале, а во последното коло Шпанија е домаќин на Англија, додека Хрватска ја пречекува Чешка.

Вечерва се играат двата дуела од група 2.

Во Белград, Србија е домаќин на Германија, а Холандија ја пречекува Грција. Холандија и Грција имаат по 8 бодови, Германија 5, а Србија е последна без бод.

Ad
Ad