Connect with us

Филм

Арнолд Возлу потврди: Имхотеп се враќа во „Мумија 4“

Арнолд Возлу, т.е. (не)славниот Имхотеп, конечно и официјално се враќа во „Мумија: Книга на мртвите“ (The Mummy: Book of the Dead). Имено, jyжноафриканскиот глумец со видео на Фејсбук потврди дека повторно ќе ја толкува својата култна улога спроти Брендан Фрејзер, а снимањето на филмот, според наводите, треба да почне овој месец.

– Можам да потврдам. Тукушто го потпишав договорот и, заедно со Брендан, снимаме уште еден филм „Мумија“. Ликот на Имхотеп се враќа и јас го глумам, почнувам овој ноември. А, мислам оти филмот ќе излезе следната година, вели Возлу во видеообраќањето.

„Мумија: Книга на мртвите“ би бил четврти дел од својот серијал. Улогите ќе ги продолжат и Рејчел Вајз, Тара Емад, Одед Фер, Џон Хана и други познати лица од претходните филмови од сагата.

Ad
Ad