Забава
Божиќен украс со потпис на Меланија Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради превисоката цена
Меланија Трамп ја претстави овогодишната празнична колекција украси во која се наоѓа и нова ограничено издание за 2026 година, кое, покрај интересот за изгледот и изработката, најголемо внимание привлече по цената. Имено, станува збор за дел од нејзината нова празнична колекција, за која дел од јавноста смета дека цените на украсите се превисоки и недостапни за просечните американци.
Новиот украс за божиќна елка е наречен „Ѕвезда на ѕвезден сјај“, изработен од месинг и емајл, со димензии од околу 9,5 на 10 сантиметри, со кој се добива и соодветен дигитален колекционерски предмет.
Станува збор за колекцијата „Божиќна ѕвездена светлина“ која опфаќа и украси инспирирани од познати американски знаменитости, меѓу кои се „Емпајер стејт билдинг“, „Статуата на слободата“ и планината Рашмор. Во понудата се вклучени и украси во форма на американското знаме, како и мапата на САД. Цените на украсите се движат од 75 до 90 долари, во зависност од моделот.
Иако изгледот на новите божиќни украси им се допаднал на дел од јавноста, тие не биле задоволни од цените, по што набрзо се појавиле различни коментари на социјалните медиуми.
„Дали таа знае дека повеќето Американци не можат да си го дозволат ова?“.
„Ќе си го купам ова кога ќе се омажам за некој како Трамп. Се надевам дека тоа никогаш нема да се случи, се само дел од коментарите на „Фејсбук“.
ноември 12, 2026


