Свет
Почина амбасадорот на Русија во САД Александар Дарчиев
Амбасадорот на Русија во Соединетите Американски Држави Александар Дарчиев почина во 66-тата година од животот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација е наведено дека Дарчиев бил истакнат дипломат, исклучителен раководител и стручњак за прашања поврзани со САД, кој извршувал една од најодговорните функции во руската надворешна политика.
Дарчиев дипломатската кариера ја почнал во 1992 година, а за време на службата работел на различни позиции во рамките на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и во дипломатските претставништва во странство.
За амбасадор на Русија во САД беше именуван во март 2025 година, кога стана и постојан набљудувач на Русија при Организацијата на американски држави. Од 2005 до 2010 година бил советник-пратеник во Амбасадата на Руската Федерациј во САД. Во периодот од 2021 до 2024 година ја извршувал функцијата директор на Департманот за Северна Америка, по што до 2025 година бил на чело на Департманот за Северниот Атлантик.
Дарчиев ја предводеше руската делегација на преговорите меѓу Русија и САД одржани во февруари 2025 година во Истанбул.
ноември 12, 2026


