Connect with us

Регион

Пренесени во болница 25 лица со респираторни проблеми по ослободување гас во приватен училиштен комплекс во Атина

За време на работите за одржување на базен во приватен училиштен комплекс во атинското предградие Коропи, дошло до ослободување гас, при што 13 ученици и 12 членови на персоналот, меѓу кои и две лица кои работеле на одржувањето, биле пренесени во болница со респираторни проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.

Од безбедносни причини, веднаш биле евакуирани основното училиште и градинката, додека на местото интервенираат екипи на Противпожарната служба, како и возила на брзата помош.

Поради вдишување на гасовите во детска болница биле пренесени 13 ученици, кои според неофицијалните информации се во добра здравствена состојба, додека пак во болница се пренесени и 12 возрасни лица од персоналот на училишниот комплекс, меѓу кои и двајцата работници задолжени за одржувањето.

Припадници на грчката противпожарна служба се на терен со цел безбедно санирање на просторот. 

Ad
Ad