Свет
Обединетата левица ќе формира влада во Мекленбург-Западна Померанија, победничката АфД ќе биде опозиција
Три партии од левиот политички спектар – Социјалдемократската партија (СПД), Левицата и Зелените, претставија коалициски договор за формирање влада во германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија.
Коалицирањето е со цел да се спречи крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), која освои најмногу гласови на септемвриските избори, да ја преземе власта.
Кандидатката на СПД за премиерка на покраината, Мануела Швезиг, изјави дека договорот е резултат на „интензивни преговори, кои често траеја до доцна во ноќта“, пренесе Дојче веле.
Коалицискиот договор, насловен „Заедништво, доверба, иднина“, содржи 133 страници.
ноември 12, 2026

