Connect with us

Свет

Европскиoт парламент и државите членки го договорија буџетот на ЕУ за 2027 година во вредност од 199,7 милијарди евра

Преговарачите од Европскиот парламент и земјите членки постигнаа договор за буџетот на ЕУ за 2027 година од речиси 199,7 милијарди евра. Меѓу приоритетите се конкурентноста, безбедноста и одбраната и поддршката за Украина, објави ДПА по преговорите во Брисел, што траеја до раните утрински часови.

Договорениот износ е малку под 199,9 милијарди евра предложени од Европската комисија. Буџетот за 2026 година изнесуваше речиси 190 милијарди евра. Според земјите членки, договорот ќе овозможи спроведување на веќе договорените програми и ќе остави простор за одговор на непредвидени настани, вклучително и развојот на кризите во Украина и Блискиот Исток.

Договорот е предмет на формално одобрување од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Буџетот за 2027 година е последен во повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021 – 2027 година. Неговиот вкупен износ е речиси 1,1 трилион евра, а средствата доаѓаат главно од придонеси од земјите членки.

Паралелно, во Брисел продолжуваат преговорите за финансиската рамка за 2028 – 2034 година. Земјите членки имаат цел да постигнат договор до крајот на годината, но нивните ставови остануваат далеку одвоени. 

Ad
Ad