Политика
Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард
Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник и заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, чие соопштение МИА го пренесува интегрално.
Додека денес не избираат средства со кои ја напаѓаат Владата, во 2019 година, во времето на Заев и Филипче, од Венецуела во Македонија беа слеани 110 милиони евра во струмички фирми блиски до Заеви.
Да потсетиме, тогаш Венецуела беше под меѓународни санкции, но тоа за Владата на Заев и Филипче не беше важно.
Истражувачки новинари тогаш открија дека тие 110 милиони евра биле првата транша од планираните дури милијарда и 600 милиони евра.
Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, чии вистински сопственици биле латиноамерикански државјани, а дел од парите оделе и преку руски банки.
Каде има криминал, корупција и уништување, таму се Филипче и Заев.
Затоа денес се гласни, затоа што имаат цел да уништат банка, да шират паника дека ќе им пропаднат парите на клиентите, и да дојде бизнисмен близок до Заев да ја преземе банката. Тие гледаат само корист.
Додека е Мицкоски претседател на Владата, банка нема да пропадне, а граѓаните ќе бидат заштитени.
ноември 8, 2026


