Хроника
Лишени од слобода двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
Полициски службеници завчера уапсиле двајца велешани откако кај нив биле пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага.
-На 06.11.2026 година, во 22:30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Т.(36) и Ј.А.(26), двајцата од Велес, откако во нивна близина биле пронајдени и одземени марихуана, таблети и дигитална вага, кои претходно еден од нив ги оставил. На 07.11.2026 година, по добиена судска наредба од Основниот суд Велес, бил извршен претрес во домот на Д.Т., при што биле пронајдени и одземени пари – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека двете лица биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
ноември 8, 2026


