Фудбал
Несторовски двократен стрелец во победата на Славен Белупо
Македонскиот интернациналец во дресот на хрватска екипа Славен Белупо Илија Несторовски беше стрелец на два гола во победата на неговата екипа на гостувањето кај Горица со 5:3 во рамки на 13.коло од првенството на Хрватска. Несторовски го постигна првиот гол во 17.минута, а потоа и за водство од 4:3 од пенал 65.минута.
За Несторовски ова беа осмиот и деветтиот гол вошампионатот, а на последните три натпревари кога постигнува гол по два пати ја тресе мрежата на противникот.
Македонецот е втор стрелец во хрватското првенство зад играчот на Динамо Загреб Дион Дрена Бељо, кој има постигнато 12 гола.
Неговата екипа Славен Белупо се наоѓа на седмото место на табелата со 16 бодови.
ноември 8, 2026


