Вести
Отворена Јавна консултација за Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизелни медиумски услуги (АВМУ) денеска на седница усвои Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025, за кое е отворена јавна консултација.
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни да учествуваат во јавната консултација и своите мислења и предлози за Нацрт-упатството да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk, најдоцна до утре (25 септември 2025 година, четврток) до 16:30 часот.
Нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 е достапно на веб страницата на Агенцијата www.avmu.mk.
септември 24, 2025