Connect with us

Регион

Јандроковиќ: Новата српска влада треба да ги подобри билатералните односи и положбата на Хрватите во Србија

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, денеска изрази очекување дека по формирањето на новата српска влада ќе дојде до подобрување на односите меѓу Хрватска и Србија, што позитивно ќе се одрази и врз статусот на хрватското национално малцинство во Србија.

– Хрватска внимателно и претпазливо ја следи постизборната ситуација во Србија, изјави Јандроковиќ на заедничката седница на Одборот за Хрватите надвор од Република Хрватска и Одборот за надворешна политика, соопшти неговата прес-служба.

На седницата присуствуваа претставници на Хрватскиот национален совет во Република Србија, предводени од претседателката на Советот и пратеничка во хрватскиот Сабор, Јасна Војниќ.

Јандроковиќ изрази задоволство што на заедничката седница на собраниските одбори беа присутни претставници на речиси сите пратенички групи во хрватскиот Сабор, оценувајќи дека тоа претставува силна порака за поддршка и потврда за важноста од заштитата на правата на Хрватите во Србија.

Говорејќи за претстојните избори за Хрватскиот национален совет во Србија, закажани за 8 ноември, тој ја нагласи важноста од демократска атмосфера и избор на раководство на највисоката институција на Хрватите во Србија, кое, како што се наведува во соопштението, одговорно и посветено ќе ги застапува нивните интереси. 

Ad
Ad