Connect with us

Регион

Кастелани: Сè уште не се познати причините за хеликоптерската несреќа во БиХ

Италијанската амбасадорка Сара Ети Кастелани синоќа изјави дека околностите за падот на хеликоптерот на ЕУФОР во близина на Брчко сè уште не се познати.

– Според првичните информации, несреќата се случила за време на полетувањето од аеродромот Брчко или веднаш потоа, наведе Кастелани.

Италијанското Министерство за одбрана објави дека четворица припадници на италијанската армија загинале во падот на хеликоптерот „Ц-47 Чинук“ во Горице во близина на Брчко.

ЕУФОР наведе дека хеликоптерот учествувал во рутинска обука и дека ќе се спроведе детална истрага за да се утврди причината за несреќата.

Ad
Ad