Connect with us

Свет

Масовни протести и синдикални штрајкови низ 50 градови во Италија против владата на Мелони

Ден на масовни протести и синдикални штрајкови против десничарската влада на италијанската премиерка Џорџа Мелони започна денеска низ цела Италија, а демонстрации се планирани во околу 50 градови низ земјата, јави ДПА.

На многу од собирите се приклучија ученици и студенти, додека синдикатот УСБ повика на штрајк во неколку сектори, меѓу кои се локалниот и меѓуградскиот јавен превоз и здравството. Поради загриженоста од можни насилства, безбедносните сили се веќе распоредени во голем број.

Протестите се насочени против коалицијата на трите крајнодесничарски и конзервативни партии на премиерката Мелони, која е на власт во Италија четири години. Демонстрантите ја обвинуваат владата за високата инфлација и ниските плати, додека студентите бараат поголеми издвојувања за училиштата и за универзитетите.

Министерот за транспорт Матео Салвини издаде наредба со која се забрануваат штрајкови во транспортниот сектор во пресрет на празникот „Сите светци“, кој се одбележува на 1 ноември и е државен празник во Италија. Синдикатот УСБ, сепак, порача дека нема да ја почитува забраната.

Властите најавија засилени полициски контроли и безбедносни мерки во повеќе градови со цел да се спречат немири.

Во Рим, безбедноста е засилена околу Колосеумот, најпосетуваната туристичка атракција во Италија, а под посебно обезбедување е ставена и миланската катедрала во центарот на градот.

Претходните протести, особено во Милано, прераснаа во сериозни немири по првичните мирни собири, поради што на демонстрантите им беше упатен повик да не носат качулки и заштитни шлемови

Ad
Ad