Connect with us

Политика

Василевска: Опозицијата работи против државните интереси и ги игнорира дури и сопствените членови

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која дискутираше за политичките пораки и реториката на опозицијата во Собранието при што се осврна на застарениот начин на политичко дејствување и пропагандата што стои зад настапите на опозицискиот лидер.

„Денеска со овој начин на политичко адресирање на сопствените пораки и политики, лидерот на опозицијата конкретно денес уште еднаш потврди дека гебелсовиот ПР од петата колона којшто стои зад него и зад целата оваа оркестрација и градењето на неговата политичка номенклатура е комплетно застарен, сеуште аналоген“, рече Ивановска.

Ивановска истакна дека опозицијата во своето политичко дејствување се води од интереси спротивни на државните интереси и дека наместо да ги застапува интересите на македонските граѓани, покажува сервилност кон помоќни странски фактори.

„Ако земете дека инспираторите на таквите додавки или придавки се истите оние коишто продаваа со големи дивиденди државни добра и работеа да се создаде една сива еминенција во општеството тоа е она озлогласена олигархија којашто никој не ја почитува и сака од граѓаните, но има свои пипци и успева да продре во секој еден политички субјекти и да создава политички фигури или да ги брише, ако видите дека тоа доаѓа токму од една групација којашто во своите раце ги имаше клучните одлуки во државата и секогаш играше на картата на антидржавните интереси, повеќе им одговараше да бидат сервилни на помоќните отколку на македонските граѓани“, посочи Ивановска и додаде:

„Уште минатата година на локалните избори истиот резултат им се случи и во Скопје, истото тоа се случи сега и во Брвеница, тоа е сигнал дека нивното членство не верува во нивните политики и не ги одобрува нивните политики. Се што правите, доколку не го слушате своето членство ако не сте секојдневно со нив вие не можете легитимно да ги застапувате“.

Ad
Ad