Connect with us

Ракомет

Цефте оптимист пред дуелот со Гудме

Во таборот на македонскиот ракометен првак, Еурофарм Пелистер, владее оптимизам пред продолжување на настапите во Лигата на шампионите.

По победата над Загреб и поразот од Пари Сен Жермен, битолчани утре ги очекува дуел со вицешампионот на Данска, ГОГ Гудме.

– Противникот има многу млад тим. Секоја година тие или ги продаваат или ги менуваат постарите играчи. Доаѓаат играчи од нивната академија и сите играат ист ракомет. Брзо играат, но мислам дека тоа во среда нема да им биде доволно. Нашата одбрана се надевам дека ќе спречи нивни лесни голови, да не дозволиме полуконтри и контри. Сакам да ги повикам навивачите, заедно да го прославиме нивниот роденден и со победа да го потврдиме напредокот, изјави Нејц Цехте.

Натпреварот ќе се игра утревечер (20:45) во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.