Вести
Андоновски: Очекувам следната недела да биде објавена нацрт-верзијата на стратегијата за вештачка интелигенција
Следната недела се очекува првпат да биде објавена нацрт-верзијата на стратегијата за вештачка интелигенција по што ќе следува период на сондирање на мислењето од засегнатите страни.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува стратегијата да биде донесена до крајот на годината.
– Очекувам дека наредната недела ќе ја објавиме првпат стратегијата за вештачка интелигенција во својата нацрт-верзија за да прибереме коментари, мислења од засегнатите страни. Очекувам дека до крајот на годината ќе ја донесеме. Секако, елемент во оваа стратегија ќе биде како да се справуваме, да градиме поголема отпорност од злонамерните актери во поглед на нивната злоупотреба на вештачката интелигенција. Не можам да кажам дека ќе успееме, никој не успева, туку треба да градиме отпорност како да се справуваме со тоа што може да се случува во периодот што следува. Прво е знаењето, потоа вештината како да се препознае и превенцијата, да бидете подготвени да реагирате за она што може да се случи, а неминовно ќе се случуваат напади, и со нив да се справувате – изјави денеска Андоновски, кој учествуваше на конференцијата „Бизнис-арена 2026“.
октомври 14, 2026

