Кошарка
Македонската репрезентација со пад од една позиција на најновото рангирање на ФИБА
Македонската кошаркарска репрезентација бележи пад од едно место на ФИБА ранг-листата на национални селекции во европската зона. Сега нашата репрезентација е на 59. место со 198.6 бодови. Во Европа „црвено-жолтите“ се на 29. позиција.
Од нашите противници во групата за претквалификациите за Евробаскетот 2029, репрезентацијата на Ирска е на 37. позиција во европски, односно на 82. место во светски рамки, и има вкупно 118.1. бода, Луксембург бележи пад од две позиции, и сега е на 39. позиција во Европа, односно на 88. во светот со 109.0 бодови, додека пак Азербејџан, иако напредуваше за три места, сега е на 107. место во светскиот рејтинг, односно на позицијата број 44 во оној европскиот со 75.9 бода.
Лидер во светскиот поредок останува САД кој има 845.8 бодови, на втората позиција сега е Германија, новиот европски првак има 765.9 бода додека Србија „падна“ за една позиција, со 761.8 поени. Во светскиот ТОП 5 се уште и репрезентациите на Франција и Канада.
септември 23, 2025

