Connect with us

Општини

По повод Денот на белиот стап, Општина Тетово постави звучни сигнали на четири крстосници

По повод Меѓународниот ден на белиот стап Општина Тетово организираше промоција на апарати за звучна сигнализација поставени на семафорите со цел слепите и слабовидните лица да можат самостојно да поминуваат на пешачки премини.  

Такви апарати се поставени на семафорите на четири локации од кои три на булеварот „Илинден“ на крстосницата со улица „ЈНА“ кај судот, кај Шарената Џамија и кај медицинското училиште на крстосницата со патот за Брвеница, како и на булевар „Благоја Тоска“ кај болницата. 

– Овој проект претставува нов чекор кон изградба на еднакво и инклузивно општество, општество во кое секој граѓанин во нашиот Град, особено при движење по улици и сообраќај, се чувствува безбедно и независно и може слободно да се движи. Имаме план наскоро да се прошири поставувањето на семафори со звучни сигнали на други локации кои се со поголем сообраќаен интензитет, рече Биљал Касами, градоначалник на Тетово. 

Хамди Џемаили од Здружението на слепи лица Тетово истакна задоволство што оваа оштинска администрација ги прифатила нивните барања за поставување на ваква сигнализација. 

-Нашето здружение брои колу 180-200 членови, полесно ќе биде и за слабовидните и за слепите лица за пешачки премин да поминуваат без придружба. Oколу ова што e најбитно инфраструктурата да се среди, бараme патека за слепи низ градот, кај што може, до институции до општина, до банки, до полиција. Да можат самите слепи или слабовидни да одат таму без никаква придружба, рече Џемаили. 

Тој потсети дека здружението на слепи лица има потреба од финансиска помош за активности и се надева дека тоа ќе дојде од општинските буџети.

Ad
Ad