Општини
МЗШВ: Отворен е јавниот повик за мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена, информира дека е отворен јавен повик за мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“.
– Честит Меѓународен ден на руралната жена. Нејзините идеи заслужуваат можности за остварување – пишува во објавата.
Министерот Борче Серафимовски, по повод 15 октомври – Меѓународниот ден на руралната жена порача дека посакува повеќе жени, особено младите, да препознаат простор за своите амбиции и да преземат водечка улога во земјоделството.
– Вашите успеси го менуваат погледот кон земјоделството како „машка професија“ и им даваат самодоверба на повеќе жени да развиваат сопствени стопанства. Знаењето и одважноста со кои работите создаваат вредност за семејствата и придонесуваат за развојот на руралните средини. Современата механизација ја олеснува работата, а дигиталните решенија и вештачката интелигенција отвораат нови можности за унапредување на производството. Сакам повеќе жени, особено младите, во овие промени да препознаат простор за своите амбиции и со самодоверба да преземат водечка улога во земјоделството – напиша Серафимовски на Фејсбук.
октомври 15, 2026


