Connect with us

Култура

Во ЦК „Бели мугри” во Кочани монтирана новата огноотпорна сценска завеса

Во Центарот за култура ,,Бели мугри” Кочани  монтирана е новонабавената огноотпорна сценска завеса, чија вредност достигнува близу 400 000 денари, обезбедени со проект финансиран од Министерството за култура и туризам.

-По речиси шест децении, вон  употреба е ставена старата и дотраена плишана сценска завеса која е заменета со нова и современа, направена од огноотпорен материјал, информираат од кочанската Национална установа.

ЦК „Бели мугри” упатува благодарност до Министерството за култура и туризам кое целосно ја финансираше обновата на завесата.

– Кочанскиот културен дом  прв во Македонија доби ваков тип на сценски визуелен елемент, потенцира Габриела Стефановска, в.д. директорка на „Бели мугри”.

Ad
Ad