Connect with us

Вести

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја поддржа одлуката за испраќање 32 припадници на Армијата во мисијата АЛТЕА во БиХ

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност ја поддржа Предлог-одлуката за испраќање припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и ја проследи на понатамошна постапка во Собранието.

На денешната 52. седница на Комисијата, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја образложи предлог-одлуката.

– Се работи за тековна одлука за испраќање на припадници од Армијата во меѓународната операција на Европската Унија, „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, 32 припадници праќаме во период од шест месеци, сметано од ноември 2026 година до мај 2027 година. Сите трошоци се обезбедени во буџетот на Министерството за одбрана – појасни министерот за одбрана.

Ad
Ad