Регион
Единаесет морнари исчезнаа при потонување брод по напад со дронови крај брегот на Бугарија
Единаесет морнари исчезнаа во морето денеска откако брод потоа во напад со дронови во близина на бегот на Бугарија, што е втор случај на потонување на товарен брод со смртен исход на тоа подрачје за една недела, поради што Бугарија ја повика руската амбасадорка во Софија на разговор.
Два товарни брода беа погодени од беспилотни летала ноќеска, а еден потона, објавија бугарските власти. Софија не ја обвини директно Русија за извршување на нападот. Премиерот Румен Радев по разговорот со руската амбасадорка во Софија наведе во соопштение дека Бугарија нема докази за потеклото на беспилотните летала што се користат во нападите, но нема смисла Украина да ги уништува сопствените бродови во Црното Море, и резултатите од тие напади се во корист на Русија.
Досега нема коментари од Москва за тие инциденти.
Бугарските власти објавија дека пет члена на екипажот се спасени, додека 11 од нив се уште се водат како исчезнати од бродот што потона кај брегот на Крапец. Бугарските медиуми го идентификуваа бродот како товарен брод Азов Конкорд. Компанијата со седиште во Турција што управува со бродот не беше веднаш достапна за коментар.
Друг брод, Челзи 3, кој пловеше под малтешко знаме, беше погоден во текот на ноќта. Исто така беше нападнат од три дронови, соопштија бугарските власти. Сите членови на екипажот на тој брод, седум Украинци и осум Азербејџанци, беа спасени и никој не беше сериозно повреден.
Пред една недела, девет сириски и еден египетски морнар исчезнаа на море откако нивниот брод потона поради напад со беспилотно летало во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море. Уште еден брод беше погоден таа ноќ, но неговиот екипаж беше спасен.
октомври 13, 2026


