Хроника
Дрвократци нападнале двајца полицајци во Липково
Превезувач на дрва со уште две лица нападнал полициски службеници во Липково, соопшти денеска СВР Куманово.
Утрово во 05:55 часот во село Липково, товарно возило кое превезувало дрва не застанало на даден знак стоп од полициски службеници, при што удрило во службено возило на МВР. Подоцна возачот на товарното возило со две лица кои пристигнале со патничко возило, физички ги нападнале двајцата полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.
септември 29, 2026
