Connect with us

Вести

Клековски: Кога ќе добијам безбедносен сертификат, ќе постапам по извештајот за непотребните операции на срце

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека има заклучок на Владата по извештајот за непотребните операции на срце, но тој не може во моментот да постапи бидејќи сѐ уште нема сертификат за државна безбедност, односно безбедносен сертификат.

– Секако, има заклучок на Владата, само што јас не можам во моментот да постапам бидејќи сѐ уште немам сертификат за државна безбедност, односно безбедносен сертификат. Јас имам аплицирано, го поминав интервјуто и очекувам дека штом се создадат законски услови, ќе го направам тоа, како што имам направено за сите претходни случаи во кои имаме сомнеж за сторен криминал – рече Клековски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот на Институтот за јавно здравје, каде што се вршеа бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на срцето