Хроника
Кривична за жител од село Радолишта, вршел јавен превоз без лиценца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(62) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“ по член 284-а од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, при контрола извршена на 13.09.2026, тој е затекнат како пред деловен објект во Охрид, нуди и врши јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, без да поседува соодветна лиценца, издадена од надлежен државен орган и во спротивност од одредбите на Законот за превоз во патниот сообраќај.
септември 29, 2026
