Connect with us

Хроника

Лишени од слобода 10 лица, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога

Полициски службеници од СВР Скопје на 28/29 септември, на различни локации, ги лишија од слобода М.С.(57), Ф.Н.(43), А.З.(21), Д.Т.(29) и 18-годишната А.Х., сите од Скопје, како и Ф.Н.(53) од село Речане, гостиварско и Л.Р.(40) и А.Х.(39), двајцата од Шведска, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја.

Како што соопшти МВР, ноќеска во 02:30 часот пред угостителски објект во село Боговиње, полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Т.Ѓ. (21) од село Милетино, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Синоќа во 20:20 часот пред угостителски објект на улица Октомвриска во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода З.Т.(45) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена грутчеста материја и марихуана.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.