Вести
Гаши и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и „Вреди“ во посета на Саудиска Арабија
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска престојува во посета на Ријад, Кралството на Саудиска Арабија, а во состав на делегацијата се и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски, и заменик-координаторот на „Вреди“, Аднан Азизи.
Во рамките на посетата делегацијата ќе оствари средба со својот хомолог, шеикот д-р Абдула бин Мухамед бин Ибрахим ал-Шеик, претседател на Консултативниот совет (Шура), како и со пратеници и членови на Групата за пријателство, а ќе присуствува и на пленарна седница на Советот на Шурата.
септември 28, 2026
