Фудбал
Џеков: Клучни ќе бидат дефанзивата, агресивноста и пристапот против Швајцарија
Македонската фудбалска репрезентација в сабота на домашен терен против Швајцарија го отвора новиот циклус во Лигата на нации. За Ѓорге Џеков, претстојниот период има посебно значење. Младиот фудбалер за првпат е дел од сениорската репрезентација и со голема мотивација го очекува своето деби во националниот тим.
– Чест и задоволство ми е што првпат сум дел од нашата А репрезентација. Знаеме со каков противник ќе се соочиме во сабота. Швајцарија е одлична репрезентација, четвртфиналист на Светското првенство, со многу квалитетни играчи. На нас е да ги исполниме очекувањата на стручниот штаб и да го дадеме максимумот на теренот. Според мене, клучни ќе бидат дефанзивата, агресивноста и пристапот во играта, за да оствариме позитивен резултат против Швајцарија, но и против останатите селекции“, истакнува Џеков.
По дуелот во Скопје, избраниците на Гоце Седлоски ги очекуваат уште три натпревари во краток временски период, гостувањето кај Словенија на 29 септември, домашниот дуел со Шкотска на 3 октомври и вториот натпревар против Швајцарија, на 6 октомври во Луцерн.
септември 24, 2026
