Connect with us

Култура

На српскиот портал KontraPRESS публикуван новиот, необјавен расказ на Томислав Османли

Порталот KontraPRESS го објави најновиот краток расказ на македонскиот писател Томислав Османли насловен „Отпад“. Станува збор за мотивска проза која говори за современото урбано отуѓување во кое брзото и егоизирано доба го заборава малиот, обичен, особено стар човек… Расказот „Отпад“ е необјавен до сега.

Порталот  KontraPRESS е ангажиран, отворен и инклузивен културен простор што го уредуваат Душан Комарчевиќ и Жарка Радоја. Во импресумот на овој медиум се забележани  неговите определби: „KontraPRESS е регионален портал кој е против примитивизмот, национализмот, банализацијата и против сеопштата таблоизација на медиумите… На порталот нема да прочитате ексклузивни вести, ретко ќе бидеме ‘оние што први дознаваат’ но ќе прочитате квалитетни анализи…“

Османли е долгогодишен литературен соработник на овој медиум. Расказот „Отпад“ што самиот го преведе на српски јазик, е петтата по ред  проза на нашиот автор што ја објавува KontraPRESS. До сега порталот ги објави „Свадбата на Дорќол“ (во 2013), дел од неговата збирка „Светилка за Ханука“  раскази и новели со универзална, многујазична рецепција „Светилка за Ханука“; „Џебовите на генералот Кондијевиќ“ (2014); „Сликата на тетка Рашела“ (2015), расказ награден со Првата награда на Конкурсот на МАНУ; расказот „Мајка“ (2023), потресна кратка приказна за мајчинската љубов на една кучка ннапишана според вистински земјотресен настан. 

Таа серија авторски објави на регионалниот портал KontraPRESS од денес ја надополнува и за прв пат објавениот хуманистички ангажиран расказ на Томислав Османли https://kontrapress.com/clanak.php?rub=ARTivizam&url=Smece