Connect with us

Фудбал

Ромеро: Се надеваме дека Скалони ќе остане во репрезентацијата на Аргентина

Фудбалерот на аргентинската репрезентација, Кристијан Ромеро, се надева дека селекторот Лионел Скалони ќе го продолжи договорот.

-Се надеваме дека ќе остане. Тој е клучна фигура во градењето на оваа репрезентација, па очигледно сакаме да продолжи, изјави Ромеро за „ESPN“.

Четириесет и осумгодишниот Аргентинец е тренер на селектор на Аргентина од 2018 година. Во 104 натпревари под негово водство, Аргентинците победија на 80, одиграа нерешено 14 и загубија на 10.

На Светското фудбалско првенство 2026, Аргентина стигна до финалето каде загуби од Шпанија.