Култура
Семинар со кинематограферот Дан Лаустсен, лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
Данскиот кинематографер Дан Лаустсен, годинашен лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“, одржа семинар на кој зборуваше за своите почетоци, работата со режисерите, развојот на визуелниот јазик, изборот на опрема и искуството со големите меѓународни продукции.
Лаустсен потсети дека неговиот прв долгометражен филм го снимил веднаш по дипломирањето на Данската филмска школа во 1979 година.
– На почетокот работев со многу мали екипи и ограничени ресурси. Токму тие услови ме научија да бидам креативен со опремата што ми е достапна. На почетоците користев ЛЕД-светла, но и разни други светла. Јас имав среќа да работам со режисерот Сорен Краг-Јакобсен, а лично сакам да работам со мала екипа и мали стории – нагласи Лаустсен.
Во рамките на мастер-класот беа прикажани сцени од филмот Skyggen af Emma (Emma’s Shadow) од 1988 година.
Пред аудиториумот во Битола, Лаустсен зборуваше и за својата работа на Mimic, еден од филмовите со кои почнува неговата соработка со режисерот Гилермо дел Торо.
септември 22, 2026
