Connect with us

Ракомет

Пелистер поразен во финишот од ПСЖ во Лигата на шампиони

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во резултатски докрај неизвесен натпревар претрпеа пораз вечерва на гостувањето во Париз од фаворитот ПСЖ со 33-27 во рамки на 2. коло од групата Б во Лигата на шампиони.

Македонскиот шампион беше рамноправен противник и откако на полувреме резултатот гласеше 16-16, Еурофарм Пелистер го презеде водството во продолжението кое во неколку наврати изнесуваше и плус три голови разлика.

Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која Еурофарм Пелистер при резултат го искористи нападот за водство од 27-26, но францускиот гигант до крајот запиша серија од 7-0 за на крајот да забележи убедлива победа која не дава реална слика за случувањата на паркетот.

Манасков со пет и Кузмановски со четири голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер,

По стартната победа минатата недела на домашен терен над Загреб и вечерашниот пораз од ПСЖ, ракометарите на Еурофарм Пелистер во 3. коло во Битола на 24 септември ќе го пречекаат данскиот шампион ГОГ Гудме.