Connect with us

Скопје

Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

Од понеделник треба да почне да се применува одлуката што ја донесе Општина Гази Баба – секој понеделник наставата во училиштата да почне со интонирање на националната химна. 

– Родителите ја поздравуваат оваа одлука, бидејќи националната химна е еден од главните наши симболи и обележја што го симболизираат идентитетот, историјата и суверенитетот на една држава. Сметам дека е една правилна одлука што ја имаме донесено на седница на Советот, изјави градоначалникот Бобан Стефковски.

Одлуката се однесува на сите училишта што функционираат на територија на општина Гази Баба.