Connect with us

Скопје

Нов сообраќаен режим и 415 нови паркинг места во Мичурин и Стар Аеродром

Општина Аеродром отпочна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, со поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки.

-Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на возилата и создавање дополнителен простор за паркирање и велосипедскиот сообраќај. Во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200 паркинг-места, додека во Мичурин се предвидуваат 215 нови паркинг-места. Со воведувањето на ваков сообраќаен режим, просторот се збогатува со нови содржини и подобро се распределува меѓу различните учесници во сообраќајот – возачи, велосипедисти и пешаци, велат од општина Аеродром.

Целта е да се создаде поорганизиран, пофункционален и побезбеден сообраќај, со повеќе можности за паркирање и подобри услови за велосипедскиот сообраќај.

-Општина Аеродром продолжува со подготовка на конкретни решенија кои ќе придонесат за подобро уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за граѓаните, посочуваат од општината.