Фудбал
Ѓулер пред нов договор со Реал
Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер е пред продолжување на договорот со Реал Мадрид.
Откако шпанскиот весник АС претходно објави напредок во преговорите, инсајдерот Фабрицио Романо наведе денеска на социјалните мрежи дека двете страни веќе ги договориле сите детали.
Според информациите, 21-годишниот Ѓулер ќе потпише договор најмалку до 2031 година.
Ѓулер му се приклучи н мадридскиот гигант од Фенербахче во летото 2023 година, кога потпиша договор до 2029.
септември 12, 2026
