Скопје
Во Центар по четврти пат се одржа манифестацијата „Нешто што ќе остане“
Во Паркот на Франкофонија синоќа по четврти пат се одржа музичката манифестација „Нешто што ќе остане“ посветена на македонската музика и домашните изведувачи.
Годинава, манифестацијата е посветена на 50-годишнината на Општина Центар, а настапија Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона.
Градоначалникот Горан Герасимовски им се заблагодари на граѓаните што во толку број дојдоа заедно да го одбележат јубилејот на Општината.
– Вечерва не сум овде пред вас само како градоначалник. Тука сум како еден од вас – како сосед, како пријател, како човек кој го сака Центар. Вечерва славиме половина век Центар, половина век генерации кои растеле тука, создавале семејства, пријателства и спомени и го правеле Центар тоа што е денес. Ви благодарам што сте тука и што овој јубилеј го славиме заедно, рече Герасимовски.
септември 12, 2026
