Кошарка
Адетокунбо ќе ги пропушти преостанатите натпревари од квалификациите за СП 2027
Јанис Адетокунбо нема да игра за Грција во претстојните натпревари од квалификациите за Светското првенство во 2027 година против Украина и Шпанија.
Отсуството на НБА-ѕвездата се должи на барање од неговиот клуб Мајами Хит. „Жешките“ сакаат Јанис да се врати во САД што е можно поскоро и да започне со подготовките за сезоната 2026/27.
Минатата сезона, Адетокунбо одигра само 36 натпревари поради повреди и нема настап од средината на март.
Грција ја заврши претходната фаза од квалификациите со биланс 3-3.
На 28 август, Грците ќе играат против Украина во Рига, а на 31 август ќе бидат домаќини на Шпанија во Атина.
август 12, 2026
