Фудбал
Наполи ја одби првата понуда од Фенербахче за Лукаку
Калчолигашот Наполи ја одби првата понуда од турскиот прволигаш Фенербахче во износ од приближно шест милиони евра за услугите на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку.
Ова денеска го објави добро информираниот италијански новинар Матео Морето, посочувајќи дека Наполи бара приближно двојно поголема сума.
Според истиот извор, Се очекува турскиот клуб да даде подобрена понуда за да го финализира договорот.
Претходно беше објавено дека 33-годишниот Лукаку се согласил на трансфер во Фенербахче.
Белгискиот репрезентативец минатата сезона одигра само седум натпревари за Наполи, пропуштајќи го поголемиот дел од сезоната поради повреда.
Лукаку има договор со Наполи до лето 2027 година.
август 10, 2026
