Хроника
Лишен од слобода 63-годишен виничанец, возел во Неготино пред да се стекне со право за управување на возилото
Лишен бил од слобода 63-годишен виничанец, возел во Неготино пред да се стекне со право за управување на возилото, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Синоќа во 21:20 часот на улица „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода З.Х.(63) од Виница. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со винички регистарски ознаки, управувано од З.Х. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување – соопштија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека за настанот бил известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот, ќе следувала соодветна пријава.
август 6, 2026
