Connect with us

Хроника

Приведен кавадарчанец по обвинение за напад врз малолетната партнерка

Кавадарчанец бил приведен по обвинение дека ја нападнал малолетната партнерка, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

  • Денеска во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода У.С., 26-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека на кејот во градот, тој физички ја нападнал неговата 16-годишна партнерка од Кавадарци – појаснија од СВР – Велес.

Според соопштеното, во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, земена била пријава од малолетничката. Кавадарчанецот бил задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител.

Од СВР – Велес додадоа дека по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.