Connect with us

Хроника

Претрес во Кочани, пронајдени над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана – приведено едно лице

Полициски службеници од ОВР Кочани при претрес во дом во Кочани пронашле и одзеле над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштува МВР, денеска по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Р. во Кочани, при што била пронајдена наркотична дрога.

Лицето А.Р. е лишено од слобода, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.