Connect with us

Култура

Битолските актери ја завршија театарската сезона – наесен три нови премиерни претстави

Националната установа Народен театар Битола со соопштение за јавност информира дека успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 во која реализира меѓународни гостувања, 8 премиерни претстави и за 37 проценти го зголеми бројот на посетители.

Успешната сезона за битолските актери заврши во Верона со светска премиера на „Кориолан“ од Шекспир во режија на Џон Блондел, а за успех се смета и учеството во формирањето на Балканска асоцијација на театри и фестивали.

Новата сезона, наесен, НУ Народен театар Битола ќе ја почне со премиера на претставата „Господин Благородник” од Молиер, во режија на Благој Мицевски, потоа со  „Ни треба пејачка” од авторот Кен Лудвиг во режија на Ненад Витанов, „Новогодишен сон” чиј автор и режисер е Јулијана Мирчевска, а во месец ноември ќе се одржи и „Битола Шекспир Фестивал”, потврдија од оваа национална установа.