Фудбал
Диоманде пред трансфер во Нотингем Форест
Премиерлигашот Нотингем Форест е блиску до договор со Спортинг Лисабон околу трансферот на дефанзивецот Усман Диоманде, јавија денеска британските медиуми.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е меѓу главните трансфер цели на новиот тренер на Форест, Оливер Гласнер, а преговорите меѓу двата клуба значително напредуваа во последните денови.
Иако конечен договор сè уште не е постигнат, разговорите се во напредна фаза и трансферот е блиску до реализација, пренесува Би-Би-Си.
Диоманде има откупна клаузула од 68,2 милиони фунти во договорот со Спортинг.
јули 30, 2026
